20 години Василичарски Карневал Куратица 2018
Здружението на граѓани „Св Василиј“ и населението на с.Куратица оваа година го организираат Јубилејниот „20 години Василичарски Карневал Куратица 2018“.
13-ти Јануари
- 17:00 часот тргнување на василичарската поворка од пред василичарскиот оган, во посета на сите домаќинства;
- Околу 01:00 часот завршување со посета на сите домаќинства.
14-ти Јануари
- 19:00 часот, завршно василичарско празнување со дефиле на маски, Музичкиот дел со „Екстра Бенд“ – Скопје, а програмата ќе ја води Игор Трпчески и Маја Бимбилоска;
- 22:30 часот прогласување на најдобрите маски, проследено со огномет;
- 01:00 часот привршување на василичарските празнувања.