20 спортско-рекреативни настани во рамки на второто издание на Ohrid Water Festival
Од 23-ти до 31-ви август 2024 година во Охрид ќе се организира второто издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.
Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.
Во рамки на спортско-рекреативниот дел од програмата предвидена е организација на 20 спортски настани.
Повеќе информации на официјалната веб-страница на фестивалот: www.ohridwaterfestival.mk
WebOhrid / 24.07.2024 / Општина Охрид