20-тата сесија на Комитетот за правата на лица со попреченост на ООН во Женева
Од 09-11.09.2018 година, претставниците од Владата на Република Македонија, Националниот координатор за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во РМ, Спасе Додевски и државниот советник во КПВРМ, Лидија Дојчиновска учествуваа на 20-тата сесија на Комитетот за правата на лица со попреченост на ООН во Женева.
На оваа сесија делегацијата на Република Македонија учествуваше на дискусија по однос на испратениот иницијален извештај на РМ и дополнителните прашања поставени од страна на Комитетот на ООН, за состојбите и квалитетот на досегашното спроведување на Конвенцијата на ООН во РМ.
По завршување на сесијата, Република Македонија ќе добие насоки и препораки за понатамошните активности и цели за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во РМ.