26/11/2024
Охрид

20-то јубилејно издание на „Распеано рибарче“

Во Центарот за Култура „Григор Прличев“, викендов  се одржа  20-то издание на  фестивалот  на  детски песни „Распеано рибарче“.

Во преполната сала „малите рибарчиња“, родителите и организаторите ги поздрави градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски кој истакна дека на денешно време  не е лесно да се опстои толку долг период на фестивалската  сцена. Градоначалникот ги поздрави и првите настапувачи на фестивалот во далечната 1998 година кои беа меѓу присутните и подвлече дека во рамки на можностите општината ќе го поддржува фестивалот и во наредните години.

Годинава фестивалот донесе 15  нови детски песни, а во изминативе две децении на сцената излегле над 1000 деца од Охрид и регионов.   

https://www.youtube.com/watch?v=nZqDoIkvXnk