210 санкционирани возачи во Скопје: 81 за пречекорена брзина, 23 мотоциклисти
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 210 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 11 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 81 прекршок, нерегистрирани и технички неисправни возила 7, 23 санкционирани мотоциклисти, 74 возила подигнати со пајак, а изречени се и 11 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.