25/11/2024
Македонија

214 санкции за брзо возење на територија на цела држава (Видео)

Во текот на вчерашниот ден (01.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 214 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 58, а потоа на територија на СВР Скопје – 39, на територија на СВР Струмица – 36…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

https://www.youtube.com/watch?v=cQXX5DMH3IA&feature=emb_title