29/11/2024
Македонија

22 ноември, Ден на Албанската азбука, неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2023 година (среда), Ден на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на Албанската азбука.