26/11/2024
Македонија

23ти мај неработен ден за граѓаните од влашката заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2018 година (среда), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите.