24 октомври 2022 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2022година (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври 2022 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита Денот на Македонската Револуционерна Борба.