26/11/2024
Македонија

24 октомври 2022 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  23 октомври 2022година (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври 2022 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита Денот на Македонската Револуционерна Борба.