26/11/2024
Спорт

25 фудбалери на списокот на Милевски за Летонија и Ерменија

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Летонија во Рига (10. октомври) и против Ерменија во Ереван (13. октомври) од Лига на Нации. 

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 25 фудбалери: 

ГОЛМАНИ

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)

Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ) 

Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА

Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)

Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија) 

Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)

Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)

Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)

Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)

Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)

Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)

Андреј СТОЈЧЕВСКИ – Жилина (Словачка)

СРЕДЕН РЕД

Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)

Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска) 

Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)

 Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)

Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)

Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)

Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)

НАПАД

Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)

Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка) 

Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска) 

Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)

Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)

Марио ИЛИЕВСКИ (ЦСКА Софија 1948)

Собриот на македонската репрезентација е закажан за 7. октомври во Скопје. Во групата од Лига на нации, македонската репрезентација на воведните два натпревари запиша нерешено (1:1) на гостувањето во Фарски Острови и победа во Скопје против Ерменија (2:0). 


WebOhrid / 02.10.2024 / ФФМ