22/11/2024
Македонија

28 септември е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2024 година (сабота), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за социјална политика, демографија и млади на граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.