28 нови случаи на Ковид – 19, починати се 5 лица
Во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19 од:
• Скопје – 16
• Куманово – 9
• Тетово – 2
• Прилеп – 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица: 3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72).
Регистрирани се 23 оздравени пациент од:
• Скопје – 15
• Охрид и Струга – по 3
• Куманово и Кочани – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451