282 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден (09.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонијаза санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 282 возачи. Од нив, 169 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 51 возеле без возачка дозвола, 17 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
https://www.youtube.com/watch?v=iI_c-FUryMk&feature=emb_title