22/11/2024
Македонија

297 криминалци барани со потерница приведени на територија на Скопје

Во текот на 2021 година од страна на oрганизационите единици во рамки на СВР Скопје и Оперативниот тим -потраги се превземаа низа мерки и активности при што редовно се прибираа сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност по Наредби добиени од страна на Основен кривичен суд Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, КПУ Затвор Идризово, КПУ Затвор Скопје – Скопје и др. Предмет на потрага беа лица за кои се распишувани национални и меѓународни потраги: осудени лица со казна затвор,лица под истрага со определена мерка притвор,лица под истрага,лица оддалечени или кои се дале во бегство од казнено-поправни установи, за кои се распишувани национални и меѓународни потраги…

Од страна на СВР Скопје изготвен е План за оперативна акција, во кој е вклучен Оперативен тим – потраги кој презема низа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица сторители на потешки кривични дела, за кои се предвидени повисоки казни затвор, лица кои повеќе години биле недостапни на органите на прогонот, како и лица кои избегале од КПУ -КПД на територија на РСМ и лица предмет на потрага на ИНТЕРПОЛ. Од страна на Оперативниот тим – потраги лишени се 102 лица за издржување на вкупна казна затвор 269 години и 6 месеци и за доиздржување на преостанат дел од казната затвор во траење од 204 години и 11 месеци.

Од страна на организационите единици во рамки на СВР Скопје се превземаа оперативно-тактички мерки со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лица при што лишени се 195 лица за издржување на вкупна казна затвор 210 години и 9 месеци и за доиздржување на преостанатиот дел од казната затвор во траење од 22 години, 11 месеци и 27 дена.

Во текот на 2021 година редовно се прибираа и сознанија за лица кои се предмет на потражна дејност, а се наоѓаат надвор од територија на РС Македонија и во содејство со МВР Интерпол и МВР потраги беа екстрадирани 32 лица за кои има распишано меѓународни потерници.