25/11/2024
Македонија

30 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, заеднички превентивни контроли на полициски инспектори и социјални работници за поголема безбедност меѓу учениците

Денеска (16.05.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, заедно со инспектори за малолетничка деликвенција и претставници од центрите за социјална работа, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, контрола на лица во казина и обложувалници и преглед на ученици во близина на училишта, со цел откривање на предмети кои се забранети согласно закон.

При контролата констатирани се 30 сообраќајни прекршоци.
На вонреден технички преглед биле упатени 11 возила.

Акциските контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште, за време на наставата и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.