25/11/2024
Македонија

31-ва седница на главен координативен кризен штаб

Денеска се одржа 31-вата седница на главен координативен кризен штаб предводен од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, преку оналјн платформа на која се дискутираа информации и предлози со актуелните случувања за превенција и заштита од коронавирус и тековните активности поврзани со сузбивање на пандемијата. 

На седницата реферираа ресорните министри, како и претставник на Дирекцијата за заштита и спасување и преставникот на ЗЕЛС, кои ги споделија последните информации од своите институции како и ресорните министерства кои реферираа за актуелните мерки кои Владата ги имплементира во насока на заштита и превенција од ширење на коронавирус.