34 прекршувања на забраната за движење, 396 санкции за неносење маска (Видео)
Од 00.00 часот до 04.00 часот (15.05.2021) констатирано е дека 34 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (14/15.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 396 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.