22/11/2024
Македонија

37 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, еден возач без лиценца

Денеска (14.03.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик за возење без соодветна лиценца. Констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 14 возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.