37 нови случаи на ковид 19, починати се 6 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје-171, Куманово-15, Штип-10, Прилеп-15, Тетово-2, Велес-6, Битола-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-2, Пробиштип-3, Пехчево-3, Берово-5, Виница-1, Свети Николе-8, Кичево-1, Неготино-1.
Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 6123, активни 591
- Куманово 1540, активни 248
- Дебар 261, активни 29
- Штип 1182, активни 96
- Прилеп 525, активни 142
- Тетово 1254, активни 125
- Струга 595, активни 64
- Велес 278, активни 20
- Битола 225, активни 40
- Охрид 360, активни 45
- Кавадарци 190, активни 47
- Гостивар 823, активни 134
- Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 83, активни 31
- Крива Паланка 60, активни 19
- Радовиш 46, активни 7
- Крушево 17, активни 1
- Кочани 160, активни 33
- Пробиштип 90, активни 15
- Демир Хисар 60, активни 2
- Македонски Брод 77, активни 10
- Пехчево 38, активни 28
- Берово 68, активни 41
- Валандово 9, активни 2
- Виница 82, активни 28
- Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 23, активни 7
- Свети Николе 301, активни 37
- Кичево 286, активни 45
- Ресен 147, активни 0
- Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 484 теста се преку: ИЈЗ-90, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0, Биотек-57, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Систина со PCR метода -146, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-7, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
- Чаир – 55
- Гази Баба – 70
- Аеродром – 102
- Карпош – 65
- Центар – 58
- Кисела Вода – 70
- Ѓорче Петров – 35
- Бутел – 37
- Шуто Оризари – 24
- Студеничани – 16
- Сарај – 15
- Арачиново – 10
- Илинден – 11
- Сопиште – 6
- Чучер Сандево – 2
- Петровец – 5
- Зелениково – 2
- Странец – 6
- Нераспределен-2