23/11/2024
Охрид

40 години од Блаженото упокоение на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 20. мај (четврток), во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ – Охрид, на празникот „Јавување на Чесниот Крст во Ерусалим“, а по повод 40 години од Блаженото упокоение на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј (прв Архиепископ на возобновената Охридска Архиепископија во МПЦ), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света заупокоена литургија. По заупокоената литургија ќе се служи парастос, на кој ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.