26/11/2024
Македонија

406 нови случаи на Ковид – 19, починати се 12 лица

Во последните 24 часа направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 184
• Куманово – 31
• Штип – 23
• Велес – 19
• Битола – 17
• Кавадарци – 13
• Свети Николе и Крива Паланка – по 12
• Прилеп и Гевгелија – по 11
• Кочани – 10
• Струмица – 9
• Кратово – 7
• Тетово, Охрид и Струга – по 6
• Виница – 5
• Демир Хисар – 4,
• Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3
• Делчево и Пробиштип – по 2
• Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), 2 починати лица од Битола (63г и 80г) и по едно починато лице од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до
03.10.2021 година. Починатите лица се 4 лица од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица, на возраст од 59 до 89 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од:

• Скопје – 223
• Охрид – 48
• Куманово – 23
• Струга – 13
• Кавадарци и Струмица – по 11
• Битола – 10
• Радовиш – 6
• Крива Паланка и Тетово – по 5
• Велес, Гевгелија и Кичево – по 4
• Штип и Гостивар – по 3
• Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица – по 2
• Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458 бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819.