25/11/2024
Македонија

413 нови случаи на Ковид – 19, починати се 9 лица

Во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 205
• Куманово – 37
• Велес – 20
• Прилеп – 19
• Битола – 15
• Штип – 14
• Кавадарци – 12
• Пробиштип – 9
• Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8
• Кичево и Кочани – по 7
• Струмица – 6
• Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5
• Македонска Каменица – 4
• Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3
• Богданци и Демир Хисар – по 2
• Гостивар, Берово и Пехчево – по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 4 починати лица од Скопје (74г, 73г, 72г и 28г), 2 починати лица од Велес (86г и 74г) и по едно починато лице од Кавадарци (65г), Пробиштип (55г) и Штип (71г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 06.10.2021 до 09.10.2021 година. Регистрирани се по едно починато лице од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените лица 2 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од:

• Скопје – 137
• Куманово – 27
• Штип – 20
• Битола – 14
• Кавадарци, Кочани и Свети Николе – по 12
• Велес – 11
• Тетово – 9
• Прилеп – 8
• Крива Паланка – 7
• Охрид – 6
• Виница – 5
• Гевгелија и Струмица – по 4
• Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово – по 3
• Демир Хисар и Крушево – по 2
• Пробиштип и Радовиш – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.376 бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693