434 нови случаи на Ковид – 19, починати се 19 лица
Во последните 24 часа направени се 3.026 тестирања, а регистрирани се 434 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 195
• Битола – 41
• Прилеп – 26
• Кавадарци – 20
• Куманово – 17
• Охрид и Берово – по 12
• Тетово и Велес – по 11
• Штип – 9
• Кочани – 8
• Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Демир Хисар – по 7
• Гевгелија – 6
• Струмица, Ресен и Валандово – по 5
• Радовиш и Виница – по 4
• Кратово и Македонска Каменица – по 3
• Неготино – 2
• Кичево, Дебар, Пробиштип, Богданци, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (46г,65г, 79г и 79г), 2 починати лица од Битола (83г и 84г) и по едно починато лице од Велес (73г), Кавадарци (72г), Кочани (67г), Делчево (70г), Крушево (69г) и Радовиш(76г). Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88г, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Регистриран e 421 оздравен пациент од:
• Скопје – 200
• Битола – 33
• Куманово – 22
• Делчево – 21
• Кавадарци и Велес – по 19
• Охрид – 14
• Прилеп – 13
• Штип и Кочани – по 10
• Берово и Гевгелија – по 9
• Пробиштип – 6
• Радовиш и Неготино – по 5
• Тетово и Крива Паланка – по 4
• Виница и Кичево – по 3
• Свети Николе, Демир Хисар и Ресен – по 2
• Кратово, Македонска Каменица, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283