469 санкционирани возачи за брзо возење, 40 за возење под дејство на алкохол
На 02.01.2021 во периодот од 12.00 до 20.00 часот сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа засилена акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од дозволената и за возење под дејство на алкохол, при што се санкционирани 469 возачи за брзо возење и 40 возачи кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното.
Притоа, на подрачјето на СВР Тетово биле санкционирани 120 возачи за брзо возење, а пет за возење под дејство на алкохол, СВР Скопје евидентираше 26 казни за брзина, 12 за алкохол, 52 санкции за брзо возење, а девет за возење под дејство за алкохол се констатирани на подрачјето на СВР Битола, 37 за брзо возење и две за алкохол на подрачјето на СВР Охрид, а 69 за брзина поголема од дозволената и една казна за возење со присуство на алкохол повеќе од дозволеното се констатирани на подрачјето на СВР Куманово. СВР Струмица регистрираше 48 казни за брзина и пет за возење под дејство на алкохол, СВР Штип 53 санкции за брзина и четири за алкохол, СВР Велес 38 за брзо возење и една за управување возило под дејство на алкохол, а од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата беа санкционирани 26 возачи за возење побрзо од дозволеното и една казна за управување под дејство на алкохол.