26/11/2024
Македонија

50 прекршувања на забраната за движење, 678 санкции за неносење маска

Од 20.00 часот (24.04.2021) до 05.00 часот (25.04.2021) констатирано е дека 50 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (24/25.04.2021), пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 678 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19.