50-та јубилејна изведба на монодрамата „Таа“
По 50-ти јубилеен пат, утре (4 јули), со почеток во 21 часот, во амфитеатарот на Градскиот парк во Струмица, ќе биде одиграна монодрамата „Таа“ – последна претстава за оваа сезона на отворено …
Станува збор за монодрама работена по текстот на бугарската авторка Даниела Колева, во режија на Васил Михаил а во изведба на актерката Оливера Аризанова. Претставата на 13 јули ќе учествува и на еден од најголемите фестивали на монодрама во Европа „Софија Моно 2018“ во Софија, Бугарија.