513 санкционирани возачи во Скопје: 148 за пречекорена брзина, 82 мотоциклисти
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 35 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 39, 82 санкционирани мотоциклисти и четири одземени мотори, 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.