518 граѓани не носеле маски
Во текот на изминатото деноноќие (26.08.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 518 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.