22/11/2024
Македонија

53 нови случаи на Ковид – 19, починати се 13 лица

Во последните 24 часа се направени 2.691 тестирања, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 во:

• Скопје – 29
• Прилеп – 7
• Куманово – 4
• Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2
• Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51г,63г,68г,81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г,74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г).

Регистрирани се 111 оздравени пациенти од:
• Скопје – 48
• Прилеп – 10
• Куманово, Битола и Радовиш – по 8
• Кичево – 7
• Дебар – 5
• Штип – 3
• Кавадарци и Ресен – по 2

• Тетово, Кочани, Валандово, Струмица, Свети Николе, Виница, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 785.345 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499