28/11/2024
Македонија

62 прекршувања на забраната за движење, 482 санкции за неносење маска (Видео)

Од 20.00 часот (06.04.2021) до 05.00 часот (07.04.2021) констатирано е дека 62 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (06/07.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 482 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

https://www.youtube.com/watch?v=7xS3dlLDOvU&feature=emb_title