22/11/2024
Македонија

62 нови случаи на Ковид 19, починати се 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид 19 во:
-Скопје 33
-Гостивар и Струмица по 4
-Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево по 3
-Куманово 2
-Тетово, Велес, Кочани и Кратово по 1

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г).

Регистрирани се 245 оздравени пациенти од:

-Скопје 148
-Битола 17
-Струмица 15
-Виница 9
-Кочани 8
-Кичево 7
-Прилеп, Тетово и Штип по 6
-Куманово 4
-Велес и Берово по 3
-Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево по 2
-Ресен, Радовиш и Крушево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид 19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636. Види помалку