23/11/2024
Македонија

623 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.08.2021 до 07.00 часот денеска (11.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 650 полициски службеници, меѓу кои и припадници на сите специјални единици на полицијата, реализирани се 221 мото-патроли и користени 163 возила. МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец. Потсетуваме дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици. Укажуваме дека е неопходна максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.