640 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите
Во текот на изминатвенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 641 полициски службеник, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, реализирани 206 мото-патроли и користени 162 моторни возила.
Во изминатото деноноќие поднесена е една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 13.08.2021 година, на подрачјето на дебарско, против двајца албански државјани, Л.Е.(32) и Е.Ц.(31), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.