23/11/2024
Македонија

708 нови случаи на Ковид -19, починати се 33 лица

Во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 341
-Прилеп 59
-Куманово 41
-Велес 37
-Гостивар, Битола и Охрид по 26
-Кавадарци 23
-Тетово 18
-Штип 17
-Кочани 16
-Неготино и Дебар по 11
-Гевгелија 10
-Струмица 9
-Струга 7
-Свети Николе, Ресен и Виница по 5
-Македонска Каменица 3
-Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран по 2
-Радовиш, Делчево, Берово и Валандово по 1
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 8 пациенти од Скопје (85г,82г,78г,76г,75г,74г,45г,39г), по 4 пациенти од Прилеп (71г,70г,70г,64г) и Куманово (81г,69г,62г,56г), 3 пациенти од Кавадарци (70г,67г,58г), по 2 пациенти од Гостивар (67г,64г), Битола (75г,67г), Велес (71г,51г) и Неготино (73г,71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г).
Регистрирани се 11 оздравени пациенти (ова не е целосната бројка на оздравени лица во изминатите 24 часа, поради апдејтирање на софтверот, вкупниот број на оздравени од изминатото деноноќие ќе биде прикажан во утрешната статистика) од:
-Тетово 3,
-Скопје и Штип по 2,
-Велес, Битола, Кочани и Пробиштип по 1
Досега во земјата се направени вкупно 615.457 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.