7-мо Ноемврискиот турнир во мал фудбал “OHRID FREED” започнува на 24 Октомври
ЈП “Билјанини Извори” – Охрид во насока на спортско фудбалско дружење со јавните претпријатија и приватните компании а по повод ослободувањето на Охрид организира и оваа година втор по ред Хуманитарен 7-мо Ноемвриски турнир во мал фудбал “OHRID FREED”.
Турнирот започнува на 24 Октомври 2024 во 19 часот и ќе трае до 06 Ноември 2024 кога ќе се игра и Финалето.
Сите 28 Натпревари ќе се играат во Спортсаката Сала Билјанини Извори.
Учество на овој Турнир ќе земат 16 екипи:
Минатогодишниот победник АСП ПАК, Костал Македонија, ЛТХ Леарница Охрид, Магна, ОДВ Електрик, Рек Битола, Инекс Олгица Хотел и СПА, Кафе Бар 9 Струга, Провелд Метал Дизајн Волино, Гостилница кај Мече, Бел Мерцедес, Општина Охрид, ЈП Водовод Охрид, ЈП Колекторски систем Охрид, ЈП Нискоградба Охрид и ЈП Охридски Комуналец Охрид.
Од аконтација за учество на Охрид Фреед се собраа средства во износ од 144000 денари и сите ќе се распределат онаму каде што во моментов има најголема потреба:
Кај нашата сограѓанка Бојана Бонеска на која и е дијагностицирана болест за чие лекување и се потребни повисок износ.
На Здружението „Ретко е да си редок„ и Здружението на Деца со дијабет.
Со таа цел Општина Охрид и ЈП Билјанини Извори ги повикува сите Охриѓани, љубители на спортот и фудбалот на 24 Октомври во 19 часот масовно да дојдат во Спортската Сала Билјанини Извори, да навиваат и со своето присуство го подржат Охрид Фреед.
WebOhrid / 07.10.2024 / ЈП „Билјанини Извори“