23/11/2024
Македонија

835 санкции за брзо возење за десет дена

Во периодот од 31.12.2020 до 09.01.2021 година од страна на организационите едници за контрола и регулирање на сообраќајот, на територијата на целата држава санкционирани се 6489 возачи кои не ги почитувале правилата и прописите од сообраќајот од кои:
– за нерегистрирани возила (измината важност на сообраќајната дозвола)  414,
– за возење без возачка дозвола 520,
– за возење под дејство на алкохол 185,
– за возење со брзина поголема од дозволената 835,
– за непрописно престигнување 312.
Засилените контроли што ги спроведува МВР евидентно влијаат на намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот.