25/11/2024
Македонија

8-ми Мај Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 мај, но и во текот на целата 2018 година, се прославува силатата и моќта на глобална мрежа на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како и придонесот на нивниот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото „секаде за секого“. Оваа година Црвениот крст и Црвената полумесечина имаат за цел да ги прошираат знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст и Црвената полумесечина со истакнување на разновидноста на работата и универзалноста во пристапот.

Црвен крст и Црвената полумесечина користи едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – насмевката. За волонтерите, тоа значи добро завршена работа. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Целта на Црвениот крст и Црвената полумесечина е да истакне како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи.

Централниот настан ќе се одбележи на 8 мај 2018 (вторник) на градскиот плоштад во Скопје со почеток во 11:00 часот.