Афирмација на волонтерската работа
Волонтерската работа во Македонија не е доволно препознаена, и е многу малку застапена, за разлика од развиените земји на западот, каде се забележува и до 40% вклученост на популацијата во општествено корисна работа, како придонес на секоја индивидуа кон заедницата.
Со цел афирмација на ваков вид ангажман, мотивирање на индивидуите, креирање алатки за волонтерска работа, започнува нов Ерасмус+ проект од подпрограма за образование за возрасни, насловен Train to act, под координација на партнер од Норвешка “Vofo ”- The Adult Education Association. Како еден, од вкупно пет партнери од различни европски земји, од македонска страна се јавува здружението „Ортет“.
Во наредниот период е предвидена изработка на водич со насоки за работа, кој би го олеснил процесот на вклучување на лицата во ваков тип работа, бидејќи недоволната организираност и нејаснотии околу истата, се воедно и една од причините за слабата мотивираност на населението.