25/11/2024
Охрид

АХВ домаќин на седмиот состанок на постојана експертска група на ЈИЕ за болеста чвореста кожа

Под покровителство на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекугранични болести кај животните (GF-TADs), вчера и денес во Охрид, Агенцијата за храна и ветеринарство беше домаќин на Седмиот состанок на Постојана експертска работна група на југоисточна Европа за болеста на Чвореста кожа. На состанокот присуствува високи претставници од Европската комисија, од Генералниот директорат на ЕК за здравје и безбедност на храна, претставници од Светска организација за здравствена заштита на животните, Европска агенција за безбедност на храна, како и високи претставници од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, EU FMD, Европската референтна лабораторија, како и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, во својство на Национална референтна лабораторија за болеста на Чвореста кожа.

Во експертската работна група учество земаа претставници од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Словенија, Република Македонија и Турција.

Состанокот го отвори директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов. Тој ја истакна важноста на работата на Постојана експертска работна група на југоисточна Европа за болеста на Чвореста кожа, како основа за размена на информации за состојбата со болеста во насока на реализација на Стратегијата за нејзино надминување.

Во Република Македонија како и во регионот болеста Чвореста кожа се појави и ширеше агресивно, како што е и самата природа на болеста. Се појави речиси на целата територија на државата. Справувањето со неа вклучи големи човечки, материјали, финансиски ресурси. Секоја од ветеринарни служби беше соочена со големи предизвици во однос на надминување и справување со последиците од болеста. Таа во Република Македонија се дојде од две страни, во речиси еднаков интензитет, поточно, од Грција и од Бугарија. Што се однесува до појавата на болеста клучна улога имаа временските прилики кои беа погодни за векторите“ – рече директорот во обраќањето.

Во исто време, објасни тој, земјата се соочуваше со бегалската криза на граничните премини, а тоа дополнително ја отежни достапноста на полициските и армиските структури кои беа вклучени во справувањето со болеста.

„Регионалниот пристап беше суштински во справувањето со болеста, поаѓајќи од меѓународната соработка како основа, преку која беше дадена експертска помош, обука и навремено се обезбедија задоволителни количини вакцини. Репблика Македонија е меѓу земјите во регионот кои успешно го менаџираа справувањето со болеста Јазлеста кожа и тоа во координација со сите погодени земји. Агенцијата за храна и ветеринарство учествуваше во сите регионални активности кои го овозможуваа справувањето со болеста. Појавувањето на оваа болест во нашата земја беше повод да се идентификуваат недостатоците во ветеринарниот сектор, но исто така и да се тестираат постоечките процедури, капацитети и ресурси“ – истакна Атанасов.

Високиот претставник на Европската агенција за безбедноста на храната го презентираше последниот извештај за болеста Чвореста кожа, со акцент на научната и техничката поддршка со контрола и справување со болеста, а претставникот од Европската комисија ја претстави актуелната епидемиолошка состојба во Европа и соседството.

Бернард Ван Готем, директор за управување со кризи , со храна животни и растенија при Генералниот директорат за здравје и безбедност на храната при Европската комисија, се осврна на препораките кои произлегоа од состанокот и нивно прифаќање.

На состанокот сите земји членки на експертската работна група преку индивидуални презентации ја појаснија актуелната состојба со болеста, со акцент на мерките кои ги спроведуваат за спречување на ширење на болеста, вакцинација на животните и генералната подготвеност на секоја земја за успешно справување со Чворестата кожа. Тема на состанокот беа и превентивните активности кои во моментов се спроведуваат од страна на надлежните ветеринарни служби во секоја земја со цел спречување на нова појава на болеста Чвореста кожа, како и за мерките кои се планирани да се спроведат во иднина во насока на успешно искоренување на болеста.