22/11/2024
Македонија

АХВ подготви едукативен спот за препознавање на болестите син јазик и чвореста кожа

Со финансиска поддршка на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, Агенцијата за храна и ветеринарство, подготви едукативен видео материјал на македонски и албански јазик за препознавање на болестите Син јазик и Чвореста кожа.

Проектната активност,,Зајакнување на капацитетите за рано откривање и контрола на болестите Син Јазик и Чвореста кожа,, реализирана е во рамки на проектот ,, Намалување на ранливоста на земјоделството кон климатските промени ,, финансиран од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, спроведен во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Спот Зајакнување на капацитетите за рано откривање и контрола на болестите Син Јазик и Чвореста кожа – МКД

Спот Зајакнување на капацитетите за рано откривање и контрола на болестите Син Јазик и Чвореста кожа – АЛ