22/11/2024
Охрид

Академик Љупчо Коцарев на “Научната и уметничка визита – Охрид 2019”: “Разумната неефективност на математиката”

Академик Љупчо Коцарев на “Научната и уметничка визита – Охрид 2019”: “Разумната неефективност на математиката”

АКО НА ЕДЕН ЗАФРЛЕН ОСТРОВ, БЕРБЕРОТ ГИ ИЗБРИЧИ СИТЕ МЕШТАНИ, КОЈ ЌЕ ГО ИЗБРИЧИ БЕРБЕРОТ!?

Охрид, 15 август 2019 – Математиката што ние сме ја спознале, а можеби и таа само една од можните, секогаш ќе има некои граници и колку да ни изгледа дека е бесконечна. Таа е сепак блиска и до природните науки. Сите модели се грешни, само некои се корисни. Затоа треба да ги знаеме границите на моделите. Нема совршена машина, нема совршено општество, нема совршена демократија.

Ова беше една од поентите, што синоќа, пред бројниот аудиториум, во Охрид, во Куќат Уранија-МАНУ, на “Научната и уметничка визита – Охрид 2019”, ги изнесе академик Љупчо Коцарев, несомнено еден од врвните авторитети во земјата, регионот, но и во светот.

Научниот интерес на Коцарев е широк и опфаќа повеќе подрачја од физиката, техничките науки, и компјутерските науки: нелинеарна физика, комплексни системи и мрежи, електрични кола и системи, теорија на информации и криптографија, машинско учење, обработка на податоци и наука за податоци.

Академик Коцарев, ја постави на интерактивна размена на мислења вечната дилема:Дали е математиката откриена, или е создадена!?

Според теоријата на Вагнер, на математиката треба да гледаме како на восклик, како на поетско разбирање.

-Нашата математика е една од можните во универзумот.Споменатиот нобеловец говорел за врската помегу науката и математиката. За логикатас, политичката економија и комјутерските науки. За бесконечноста на бесконечните множества. За непреброивоста на множествата. Еден од најгениозните во математиката, нобеловецот Кантор, уште во 1881, говорел за преброиви и непреброиви множества. Познат е парадоксот на Расел, нобеловец, еден од најголемите мислители на минатиот век: “Ако не ден одвоиен осторoв, берберот ги избричи сите жители, кој ќе го избричи него”!? И се така, за да стигнеме до Туринг (1936), до “Машината на Туринг”, до денешнитѕе компјутери и вештачката интелигенција – потенцираше академик Коцарев.

Денешната “конечна машинја” – компјутерот, исто така не е совршена. И без да знаеме машината одлучува и за нас – “алгоритмот на праведноста”.

-Постапката – алгоритмот, треба да зависи од резултатот, а не од припадноста на групата, или поединецот. Машината не ја обезбедува недискриминацијата во однос на припадноста на групата. Не постопи алгоритам што тоа може да го реши. Математиката, сепак,има некои граници. Леон Кидерман одговорот го бара во универзумот (“ако универзумот не е одговорот, тогаш кој е одговорот?), или Хопкинс: “Кој е тој огин, ангел, прашина, здив кој го вдахнуваме, за да произлезе универзуимот”!? Платон учеше од Питагора, од Платон, учеа Вајхет и Расел, ние учиме од нив и се така до бесконечноста, апострофираше академик Коцарев.

Објаснувајќи ја несовршеноста на математиката, од аспект на политиката и успехот на демократијата, академик Коцарев појасни: “Колку повеќе гласачи зад изборните кутии, толку поголема веројатност за правилен и продуктивен избор, од аспект на пошироките национални интереси”.

Академик Љупчо Коцарев публикувал повеќе од 140 публикации во списанија со фактор на влијание, повеќе од 10 публикации во (меѓународни и домашни) списанија без фактор на влијание, и повеќе од 150 публикации во зборници на рецензирани трудови од (меѓународни и домашни) конференции.

Коцарев е едитор на 6 книги и автор на 6 патенти (одобрени во САД и/или Европа). Неговите публикации се цитирани според Web of Science (Science Citation Index) 6384 (6133 без самоцитирање) пати додека според Google Scholar тие се цитирани 11.248 пати (податоците од 25-10-2015 година).

Според статистиката што ја води издавачот Elsevier статиите публикувани во Elsevier се видени/пристапени преку порталот на издавачот 18.946 пати (податоци до септември 2015 година). Според статистиката што ја води издавачот Springer, вкупниот број на преземени (download) текстови од книгите кои ги едитирал акад. Коцарев е 36.500 (податоци заклучно со 2014 година).

Академик Коцарев соработувал со истражувачи од многу земји вклучувајќи ги САД, Русија, Кина, Јапонија, Германија, Италија, Шпанија, Полска, Унгарија, Велика Британија, Австралија, Данска, Холандија, Франција, Канада, Мексико и многу други. Академик Љупчо Коцарев бил раководител на повеќе научноистражувачки проекти финансирани од ЕУ (програмите ТЕМПУС, ФП6, ФП7 и Хоризон2020), САД (NSF, ONR, NIH), Германија (DFG), НАТО, компанијата ST Microelctronics и Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Веле Митаноски