Акција на ЈП „Охридски Комуналец“ за чистење во 8-ма урбана заедница
Ј.П. „Охридски Комуналец“ по сопствена иницијатива спроведе акција за чистење на површините кои не се јавни околу станбените згради во 8-ма урбана зедница. Опфатени се улиците: „Никола Карев“, „Галичица“ и „АСНОМ“.
„Подигнат е расфрланиот комунален отпад, а граѓаните треба да имаат одговорност за просторот околу нив и да не создаваат мини депонии во средината која живеат. Се надеваме на поголема еколошка и граѓанска свест бидејќи од нас зависи во каква населба и во каква животна средина ќе живееме.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.