Акција за чистење на јавните површини околу плажите
Утре, со почеток во 10 часот од паркингот кај плажата „НЕМО“ , ќе започне акција за расчистување на јавните површини околу плажите и пешачката патека до каналот „ Студенчишта“. Расчистувањето на јавните површини ќе се реализира на иницијатива на компанијата „ Костал“, а со поддршка на Општина Охрид и ЈП „Охридски комуналец“ .
По оваа, ќе следат уште неколку акции за расчистување на останатите делови на крајбрежјето, а целта е да се подигне јавната свест за одржување на чистотата, пред и за време на годинашнава туристичка сезона.