Акција за чистење потег од „Петља“ до Подмоље
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ спроведоа акција за чистење на расфрланиот комунален отпад на патниот правец Охрид-Скопје на потегот од „Петља“ до с.Подмоље.

Со акцијата се започна од раните утрински часови-од 5 часот, а во акцијата учествуваа 8 комунални работници. Расчистен беше и потегот кај автобуската постојка кај с.Подмоље до стариот пат Охрид-Струга. За жал и овој пат подигнати се огромни количини пластична и хартиена амбалажа и друг вид ситен отпад (околу 60 вреќи) расфрлани покрај коловозот и во тревните површини.
