26/11/2024
Охрид

Акциски контроли на СВР Охрид

Во текот на февруари, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, реализира повеќе акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 2834 патнички и други моторни возила, од кои, констатирани се 26 технички неисправни и 86 нерегистрирани возила. 91 возачи управувале возило без возачка дозвола а 46 возачки дозволи се одземени поради присуство на алкохол. Полициските службеници, утврдиле и презеле мерки против 251 возачи кои на своите возила имале фолии за затемнување на стаклата. При акциските контроли, полициските службеници издале 755 мандатни платни налози и 330 прекршочни налози.