Активисти на Левица ја освежија централната спомен-плоча во Паркот на револуцијата во Охрид
„Денес локалниот огранок на Левица – Охрид, по повод 7 ноември (Денот на ослободувањето на Охрид) ја освежија централната спомен-плоча во „Паркот на Револуцијата“ која служи да се потсетиме на имињата на борците кои го дале својот живот за слободата на Македонија и овој народ.
Како и останатите, така и оваа спомен-плоча, поради негрижата на надлежните кои само полагаат цвеќиња и се сликаат пред неа, веќе неколку децении беше бледа и невоочлива!
Нека живее делото и сеќавањата на борците!
Смрт на фашизмот, слобода на народот!“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.
WebOhrid / 05.11.2023 / Левица ЛО Охрид