23/11/2024
Охрид

Активности за миење на улиците во стариот дел на градот

Со цел да се подигне нивото на јавна чистота, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ рано утринава спроведоа активности за миење на улиците во Стариот дел на градот.

Заради специфичноста на теренот, тешката пристапност и тесните улици, чистењето било извршено со мала цистерна.

Како дел од програмата за одржување на јавна чистота, ЈП „Охридски Комуналец“ врши секојдевно миење на улиците во централното градско подрачје, чаршијата и градскиот кеј, како и на улиците во сите населби, по претходно утврдена динамика.

Komunalec_cistenjes-star-grad_18082022001Komunalec_cistenjes-star-grad_18082022002Komunalec_cistenjes-star-grad_18082022003


WebOhrid / 18.08.2022 / Општина Охрид