29/11/2024
Струга

Албанец баран со меѓународна потерница приведен на ГП Ќафасан

На 08.02.2023 во 15:25 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ф.(29) од Република Албанија.

При извршена контрола било констатирано дека тој бил баран по меѓународна потерница од Интерпол – Визбаден, Германија.

Тој бил задржан во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.


WebOhrid / 09.02.2023 / МВР