22/11/2024
Струга

Албански државјани лишени од слобода, немале документи за идентификација

На 11.10.2020 година, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Ј.Д.(22) од Република Албанија.

Тој, околу 14 часот, додека управувал патничко возило „Мерцедес“, со албански национални ознаки, бил сопрен од полициски службеници на улицата „Партизански одреди“ во Струга и во возилото биле затекнати и две други лица кои немале документи за идентификација. При преземањето на службените мерки, Ј.Д. физички им се спротивставил на полициските службеници. Двете лица се приведени во полициска станица, при што утврдено е дека станува збор за албанските државјани Д.У.(19) и К.А.(20).

По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.